Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
„Време е да го кренеме гласот против неодржливата економска состојба и лошите одлуки на властите што ја задушуваат економијата и го загрозуваат стандардот на граѓаните“

Група граѓани протестираа пред Парламентот на Федерацијата на Босна и Херцеговина (ФБиХ) поради лошата економска ситуација, ниските приходи, високите придонеси и континуираниот пораст на трошоците за живот во БиХ.
Протестот се одржува истовремено со седницата на Парламентот на ФБиХ, а организаторите рекоа дека постојат многу причини за протестот, при што ги наведоа минималното зголемување на пензиите, неработната недела, зголемувањето на невработеноста, поскапувањето на основните прехранбени производи и електричната енергија, зголемувањето на трошоците за работната сила без фискални реформи, како и нерационалното трошење на буџетските средства на непотребни функции и советници.
„Време е да го кренеме гласот против неодржливата економска состојба и лошите одлуки на властите што ја задушуваат економијата и го загрозуваат стандардот на граѓаните“, порачаа организаторите.
На протестот присуствуваат различни категории граѓани, меѓу кои пензионери, работници и стопанственици.
„Владата со своите одлуки ги продлабочува разликите меѓу ентитетите место да работи на унифициран економски систем“, велат оттаму.