Во Скопје се одржа панел-дискусија за присуството на турскиот јазик на Балканот

Настанот го организираше Сојузот на турски невладини здруженија на Македонија (МАТУСИТЕБ) со поддршка на ТИКА

македонски Yayın: 21 Aralık 2025 - Pazar - Güncelleme: 21.12.2025 21:08:00
Editör -
Okuma Süresi: 2 dk.
Google News

Денес во Скопје се одржа панел-дискусија на тема „Присуството на турскиот јазик и култура на Балканот“, како дел од активностите за 21 декември – Денот на наставата на турски јазик во Северна Македонија, јавува Анадолу.

Настанот го организираше Сојузот на турски невладини здруженија на Македонија (МАТУСИТЕБ) со поддршка на ТИКА, а меѓу учесниците беа амбасадорот на Турција во Скопјe, Фатих Улусој, претседателот на ТИКА, Абдула Ерен, претставници на турски институции и организации и бројни гости.

Амбасадорот Улусој нагласи дека турската заедница во Северна Македонија направила големи жртви за зачувување на турскиот јазик, истакнувајќи ја улогата на интелектуалците и новинарите, како и историскиот придонес на весникот „Бирлик“ и движењето „Јуџел“.

Претседателот на ТИКА, Ерен, изјави дека до денес во Северна Македонија се спроведени над 1.300 проекти, од кои повеќе од 450 во областа на образованието, нагласувајќи ја важноста на јазикот и литературата во зачувувањето на културата.

Претседателот на МАТУСИТЕБ, Тахсин Ибрахим, нагласи дека турскиот јазик е силна врска што му дала идентитет на Балканот и обединила.

На панел-дискусијата, експерти од областа на историјата, културата и лингвистиката ги споделија своите проценки за улогата на турскиот јазик на Балканот.

Yorumlar (0)
Suç teşkil edecek, yasadışı, tehditkar, rahatsız edici, hakaret ve küfür içeren, aşağılayıcı, küçük düşürücü, kaba, müstehcen, ahlaka aykırı, kişilik haklarına zarar verici ya da benzeri niteliklerde içeriklerden doğan her türlü mali, hukuki, cezai, idari sorumluluk içeriği gönderen Üye/Üyeler’e aittir.