Комеморативна церемонија за Ататурк во земјите на Балканот

- Во турските амбасади во балканските земји Северна Македонија, Албанија, Косово, БиХ, Србија, Црна Гора и Хрватска се одржаа комеморативни церемонии по повод 87-годишнината од смртта на Мустафа Кемал Ататурк, основачот на Република Турција

македонски Yayın: 10 Kasım 2025 - Pazartesi - Güncelleme: 10.11.2025 15:18:00
Editör -
Okuma Süresi: 3 dk.
Google News

Во турските амбасади во балканските земји Северна Македонија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Хрватска се одржаа комеморативни церемонии по повод 87-годишнината од смртта на Мустафа Кемал Ататурк, основачот на Република Турција, јавува Анадолу.

 

- Северна Македонија

Турската амбасада во Скопје организираше свеченост по повод 10 ноември, Денот на сеќавањето на Ататурк.

Вработени во амбасадата, претставници на турските институции и организации во земјата, како и гости учествуваа на церемонијата организирана од амбасадорот на Турција во Скопјe, Фатих Улусој.

По едноминутно молчење во 09:05 часот во резиденцијата на амбасадата, беше интонирана националната химна.

Во својот говор овде првиот советник на амбасадата и заменик-шеф на мисијата, Анил Кајалар, рече дека на Ататурк се сеќаваат милиони луѓе низ светот.

 

- Албанија

Програма за комеморација за Мустафа Кемал Ататурк имаше и во Тирана, главниот град на Албанија, на 87-годишнината од неговата смрт.

Вработени во амбасадата, претставници на турските институции во земјата и гости учествуваа на комеморативната церемонија организирана од турскиот амбасадор во Тирана, Тајар Каган Атај, во зградата на амбасадата.

Во својот говор Нуртен Ишлер, аташе на турската амбасада во Тирана, истакна дека 10 ноември не е само ден на сеќавање за турската нација, туку и значаен ден кога се паметат и ценат принципите, визијата и идеалите на човештвото на Ататурк.

 

- Косово, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Хрватска

Вработените и гостите се собраа во турската амбасада во Сараево за да ја одбележат годишнината. Беше прикажана фотографијата на Ататурк, како и исечоци од неговиот живот и средбите со лидери од други земји.

Годишнината од смртта на Ататурк беше одбележана и со посебна програма во турската амбасада во Белград.

Програма за Ататурк имаше и во турските амбасади во Косово, Црна Гора и Хрватска.

Yorumlar (0)
Suç teşkil edecek, yasadışı, tehditkar, rahatsız edici, hakaret ve küfür içeren, aşağılayıcı, küçük düşürücü, kaba, müstehcen, ahlaka aykırı, kişilik haklarına zarar verici ya da benzeri niteliklerde içeriklerden doğan her türlü mali, hukuki, cezai, idari sorumluluk içeriği gönderen Üye/Üyeler’e aittir.