Училиштето „Маариф“ во Скопјe организираше програма по повод Денот на настава на турски јазик
- Во својот говор, претставникот на ТМВ во Северна Македонија, Осман Демирѓул рече дека јазикот е средство за комуникација дадено од Бога за да можат од поблиску луѓето да се запознаат едни со други.
Училиштата на турската фондација „Маариф“ (ТМВ) во Северна Македонија организираа програма по повод Денот на настава на турски јазик, известува Анадолу.
На програмата, која се одржа во училиштето на фондација „Маариф“ во Скопјe, присуствуваа претставникот на ТМВ во Северна Македонија, Осман Демирѓул, администрацијата на училиштето, наставници, ученици и родители.

Во својот говор, Демирѓул изјави дека јазикот е средство за комуникација дадено од Бога за да можат од поблиску луѓето да се запознаат едни со други.
Нагласувајќи дека ТМВ им придаваат големо значење на локалните вредности, Демиѓул истакна:
„Мајчиниот јазик е многу поважен затоа што луѓето на својот мајчин јазик најдобро можат да ја изразат својата љубов, емоции, смеа и солзи.“

По обраќањето на Демирѓул следеа театарска претстава, музички рецитал и народни танци презентирани од учениците на училиштата на фондација „Маариф“ во Скопје кои беа проследени со голем интерес од гостите на настанот.
Во Северна Македонија, 21 декември се слави како „Ден на наставата на турски јазик“ со законската регулатива од 15 февруари 2007 година.