Турција му го честиташе Денот на слободата на сирискиот народ

- Министерството за надворешни работи на Турција му го честиташе Денот на слободата на сирискиот народ, по повод првата годишнина од крајот на граѓанската војна и режимот на Башар Асад

македонски Yayın: 08 Aralık 2025 - Pazartesi - Güncelleme: 08.12.2025 10:55:00
Editör -
Okuma Süresi: 2 dk.
Google News

Министерството за надворешни работи на Турција му го честиташе Денот на слободата на сирискиот народ, по повод првата годишнина од крајот на граѓанската војна и режимот на Башар Асад, известува Анадолу.

Турското МНР објави писмено соопштение по повод првата годишнина на Денот на слободата на Сирија, 8 декември.

Во соопштението, во кое по повод првата годишнина срдечно се честита 8 декември - Денот на слободата на сирискиот народ, крајот на сириската граѓанска војна и режимот на Башар Асад, турското МНР наведува:

„И покрај бројните проблеми со кои се соочи во текот на изминатата година, сириската влада водеше разумна и мирна надворешна политика и презеде трајни чекори кон тоа Сирија да ја постигне почитуваната позиција што ја заслужува на меѓународната сцена“.

Во соопштението се нагласува дека Турција ќе продолжи силно да ги поддржува напорите за воспоставување стабилност, безбедност и просперитет во Сирија.

#
Yorumlar (0)
Suç teşkil edecek, yasadışı, tehditkar, rahatsız edici, hakaret ve küfür içeren, aşağılayıcı, küçük düşürücü, kaba, müstehcen, ahlaka aykırı, kişilik haklarına zarar verici ya da benzeri niteliklerde içeriklerden doğan her türlü mali, hukuki, cezai, idari sorumluluk içeriği gönderen Üye/Üyeler’e aittir.