Турскиот и сирискиот министер за надворешни работи разговараа за ситуацијата во Алепо

Терористичката организација ЈПГ/СДФ изврши напади врз повеќе локации во Алепо од областите што ги окупираше од 6 јануари

македонски Yayın: 09 Ocak 2026 - Cuma - Güncelleme: 09.01.2026 16:41:00
Editör -
Okuma Süresi: 2 dk.
Google News

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан и неговиот сириски колега Асад Хасан ал-Шејбани денес телефонски разговараа за ситуацијата во градот Алепо, соопштија турски дипломатски извори, јавува Анадолу.

Терористичката организација ЈПГ/СДФ изврши напади врз повеќе локации во Алепо од областите што ги окупираше од 6 јануари, според сириски официјални лица.

Дамаск ја повика органиацијата да се придржува до договорот постигнат на 10 март минатата година и да ги прекине нападите.

Како што продолжуваа нападите, сириската Армија започна целни операции против позициите на групата во населбите Шеик Максуд и Ашрафија, кои беа под нејзина окупација.

На 10 март 2025 година сириското Претседателство објави дека е потпишан договор за интеграција на СДФ во државните институции, со што се потврдува територијалниот интегритет на земјата и се отфрлаат сите обиди за поделба.

Сепак, според властите, во месеците по потпишувањето на договорот СДФ не покажале напори за исполнување на неговите одредби.

Владата ги засили напорите за одржување на безбедноста низ целата земја по соборувањето на режимот на Башар ал-Асад на 8 декември 2024 година, кој беше на власт 24 години.

Од 6 јануари најмалку девет Сиријци загинаа, а 55 лица – од кои повеќето цивили – се повредени во нападите на групата.

Комитетот за центарот на градот Алепо претходно соопшти дека 142.000 лица се евакуирани во безбедни подрачја во рамките на градот.

#
Yorumlar (0)
Suç teşkil edecek, yasadışı, tehditkar, rahatsız edici, hakaret ve küfür içeren, aşağılayıcı, küçük düşürücü, kaba, müstehcen, ahlaka aykırı, kişilik haklarına zarar verici ya da benzeri niteliklerde içeriklerden doğan her türlü mali, hukuki, cezai, idari sorumluluk içeriği gönderen Üye/Üyeler’e aittir.