„Туркиш ерлајнс“ ја започна линијата Истанбул-Охрид

Летот ТК 1011 на „Туркиш ерлајнс“, кој полета од аеродромот во Истанбул, беше пречекан со церемонија на аеродромот „Свети Апостол Павле“ во Охрид

македонски Yayın: 28 Mart 2025 - Cuma - Güncelleme: 28.03.2025 15:29:00
Editör -
Okuma Süresi: 4 dk.
Google News

Со свечена церемонија, „Туркиш ерлајнс“ денес го лансираше летот Истанбул-Охрид.

Со оваа дестинација, Охрид стана втора дестинација на „Туркиш ерлајнс“ во Северна Македонија по Скопје, 123-та во Европа и 353-та во светот.

Летот ТК 1011 на „Туркиш ерлајнс“, кој полета од аеродромот во Истанбул, беше пречекан со церемонија на аеродромот „Свети Апостол Павле“ Охрид.

По церемонијата на пречекот, се одржа заеднича прес-конференција на која присуствуваа премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, министерот за транспорт Александар Николоски, турскиот амбасадор во Северна Македонија, Фатих Улусој, генералниот директор на „Туркиш ерлајнс“, Билал Екши, заменик генералниот директор Ахмет Олмуштур, главниот извршен директор на „ТАВ аеродроми“ Серкан Каптан и други претставници.

Премиерот Мицкоски истакна дека Северна Македонија има потенцијал да стане важен центар во воздушниот сообраќај поради нејзината стратешка локација на Балканот.

Нагласувајќи дека Владата активно работи во оваа насока, Мицкоски рече: „Воведувањето нови авиолинии значи побрзо и полесно поврзување со светот, зголемување на туризмот, нови економски можности и унапредување на имиџот на нашата земја“.

Министерот Николоски рече дека земјава има десет нови дестинации кон Северна Македонија и дека две од нив се планирани за Охрид и уште осум за главниот град Скопје.

Николоски се заблагодари што Туркиш ерлајнс го избра Охрид за нова дестинација и рече: „Мислам дека тоа е навистина голема работа за аеродромот и дека ќе донесе нова димензија. Оваа директна линија мислам дека ќе значи многу за туризмот но исто така и за развој на бизнисот и комуникацијата”

Во меѓувреме, амбасадорот Улусој го започна својот говор со изразување сочувство за жртвите од пожарот во градот Кочани, додавајќи дека 12 лица повредени овде се донесени на лекување во Туркије.

„Повредените кои ќе закрепнат во нашата земја ќе се вратат во својата земја со лет на Туркиш ерлајнс. Во оваа прилика сакаме да изразиме дека секогаш сме солидарни со пријателската и братска земја Северна Македонија“, рече тој.

Улусој, кој се осврна на важноста од започнување на летови со Охрид, рече: „Бројот на неделни летови меѓу Истанбул и Скопје, вклучително и „Туркиш ерлајнс“, моментално е над 30. Зголемувањето на оваа бројка со летовите во Охрид не прави уште посреќни. Летовите до Охрид ќе донесат не само патници од Туркије, туку и транзитни патници од различни делови на светот во овој град“.

„Придонес за развојот на односите меѓу двете земји“ 

Извршниот директор на „Туркиш ерлајнс“ Билал Екши истакна дека летовите ќе придонесат за развој на трговските и културните односи меѓу двете земји.

„Ќе ни биде чест да придонесеме за пријателството меѓу двете земји со нашите редовни летови четири пати неделно. Охрид со својата историја, природа и култура ќе биде единствена дестинација во нашата летна мрежа. Ќе ги пречекаме нашите гости како најдобра авиокомпанија во Европа. Ќе ги придружуваме со нашиот квалитет на нивното патување до Охрид", рече Екши.

И генералниот директор на ТАВ Аеродроми, Серкан Каптан, изјави дека го зголемиле бројот на патници за четири пати со инвестирање околу 300 милиони евра во двата аеродроми во земјава.

Церемонијата заврши со спомен фотографија.

#
Yorumlar (0)
Suç teşkil edecek, yasadışı, tehditkar, rahatsız edici, hakaret ve küfür içeren, aşağılayıcı, küçük düşürücü, kaba, müstehcen, ahlaka aykırı, kişilik haklarına zarar verici ya da benzeri niteliklerde içeriklerden doğan her türlü mali, hukuki, cezai, idari sorumluluk içeriği gönderen Üye/Üyeler’e aittir.