Петта меѓувладина конференција Албанија - ЕУ, отворени нови поглавја за преговорите за членство

Со денешната конференција се отворени 8 нови поглавја од 3-от кластер „Конкурентност и инклузивен раст“

македонски Yayın: 23 May 2025 - Friday - Güncelleme: 23.05.2025 15:39:00
Editör -
Okuma Süresi: 2 dk.
Google News

Денес во Брисел се одржа Петтата меѓувладина конференција меѓу Албанија и Европската Унија (ЕУ), со која се отворија нови поглавја за преговорите за членство, јавува Анадолу.

Со денешната конференција се отворени 8 нови поглавја од 3-от кластер „Конкурентност и инклузивен раст“.

Албанската делегација на денешната меѓувладина конференција ја предводеше министерот за Европа и надворешни работи, Игли Хасани, а присуствуваа и други министри и официјални претставници.

Преку социјалните мрежи, министерот Хасани напиша дека Албанија стои покрај ЕУ, а ЕУ стои покрај Албанија, сметајќи ја денешната конференција за уште една важна пресвртна точка.

„Денешното отворање на 8 нови поглавја го одразува напредокот на Албанија базиран на заслуги и е јасен знак за тоа колку далеку сме стигнале за толку кратко време. Нашиот пат кон ЕУ никогаш не бил појасен или поодлучен“, напиша Хасани.

Албанија е земја кандидат за членство во ЕУ од 2014 година. Првата меѓувладина конференција меѓу Албанија и ЕУ се одржа во јули 2022 година. Втората меѓувладина конференција се одржа во октомври 2024 година, со што се означи официјалното отворање на преговорите за првата група поглавја, додека третата меѓувладина конференција се одржа во декември 2024 година. Во април, четвртата меѓувладина конференција се одржа во Луксембург, со што се отворија нови поглавја во пристапните преговори.

Албанија има за цел да ги отвори преостанатите поглавја оваа година и да ги заврши преговорите до 2027 година, а се стреми кон полноправно членство до 2030 година.

Yorumlar (0)
Suç teşkil edecek, yasadışı, tehditkar, rahatsız edici, hakaret ve küfür içeren, aşağılayıcı, küçük düşürücü, kaba, müstehcen, ahlaka aykırı, kişilik haklarına zarar verici ya da benzeri niteliklerde içeriklerden doğan her türlü mali, hukuki, cezai, idari sorumluluk içeriği gönderen Üye/Üyeler’e aittir.