Одбележана 33-годишнината од почетокот на опсадата на Сараево

Опсадата на Сараево беше една од најдолгите опсади во историјата на модерното војување и најдолгата опсада на еден главен град досега

македонски Yayın: 05 Nisan 2025 - Cumartesi - Güncelleme: 05.04.2025 22:42:00
Editör -
Okuma Süresi: 3 dk.
Google News

Со положување цвеќе и одавање почест, на Мостот на Суада и Олга одбележана е 33-годишнината од почетокот на опсадата на Сараево, најдолгата опсада на еден главен град во современата историја на војување.

Градоначалникот на Сараево, Предраг Пухариќ, рече дека со одбележувањето на Денот на опсадата на Сараево на 5 април, се негува културата на сеќавањето. Потсети дека Суада Дилберовиќ и Олга Сучиќ, убиени на денешен ден во 1992 година на мостот во центарот на Сараево, се првите цивилни жртви на опсадата.

„Ова е нешто што никогаш не смееме да го заборавиме, тие жртви никогаш не смеат да престанат да бидат важни. Никогаш не смее да се заборави вистината за она што се случи во Сараево и Босна и Херцеговина, не смее да се дозволат различните интерпретации“, рече Пухариќ.

Опсадата на Сараево беше една од најдолгите опсади во историјата на модерното војување и најдолгата опсада на еден главен град досега.

На денешен ден, граѓаните на Сараево се сеќаваат на 33-годишнината од секојдневните маки и страдања.

Опсадата на Сараево траеше вкупно 44 месеци или 1.425 дена, од 5 април 1992 година до 29 февруари 1996 година, што е трипати подолго од опсадата на Сталинград во Втората светска војна.

Просечно дневно кон Сараево биле стрелани по 329 проектили, додека севкупно кон градот се истрелани околу 50.000 тони артилериски проектили. Овие бројки сами по себе го покажуваат сиот ужас од военото разорување на Сараево за време на опсадата.

За време на опсадата загинаа 11.541 граѓанин на Сараево, меѓу кои 1.601 дете.

Поради тероризирање на цивилите за време на опсадата на Сараево во периодот 1992-1995 година, меѓу другото, Меѓународниот резидуален механизам за кривични судови ги осуди на доживотен затвор воениот командант на Војската на Република Српска (ВРС), Ратко Младиќ, и воениот претседател на Република Српска, Радован Караџиќ.

Хашкиот трибунал на доживотна казна затвор за опсадата на Сараево го осуди командантот на Сараевско-романскиот корпус на ВРС, Станислав Галиќ, а осудени се и Драгомир Милошевиќ и Момчило Перишиќ, исто така високи офицери во ВРС.

Yorumlar (0)
Suç teşkil edecek, yasadışı, tehditkar, rahatsız edici, hakaret ve küfür içeren, aşağılayıcı, küçük düşürücü, kaba, müstehcen, ahlaka aykırı, kişilik haklarına zarar verici ya da benzeri niteliklerde içeriklerden doğan her türlü mali, hukuki, cezai, idari sorumluluk içeriği gönderen Üye/Üyeler’e aittir.