Kaja Калас: „Северна Македонија да остане на европскиот пат“
Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, денес во Скопје изјави: „Северна Македонија ѝ припаѓа на ЕУ. Вие сте доверлив партнер. Патот до членство н

Високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, денес во Скопје изјави: „Северна Македонија ѝ припаѓа на ЕУ. Вие сте доверлив партнер. Патот до членство не е лесен. Мојата порака е да останете на курсот“, известува Анадолу.
Високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Калас, денес пристигна во Скопјe во официјална посета на Северна Македонија.
По пристигнувањето во Скопје, Калас имаше средба со премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски. Двајцата лидери им се обратија на медиумите на заедничка прес-конференција.
„За првпат сум во Северна Македонија. Пред малку имавме состанок. Северна Македонија е првата земја во регионот што потпиша договор со ЕУ во врска со безбедноста. Северна Македонија ѝ припаѓа на ЕУ. Вие сте доверлив партнер. Патот до членство не е лесен. Мојата порака е да останете на курсот“, рече Калас.
На прашањето за деблокадата на пристапувањето на Северна Македонија во ЕУ, Калас одговори:
„Јасно е дека сакаме Северна Македонија да напредува на својот европски пат. Знаеме дека постојат пречки и разговаравме како да ги надминеме. Западен Балкан е во Европа и нашата цел е да биде интегриран во ЕУ. Интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ е најдобриот рецепт за мир и безбедност во целиот регион“.
Ова е втора посета на Калас на регионот откако ја презеде функцијата, по претходната посета на Црна Гора, Албанија и Босна и Херцеговина од 7 до 9 април.
Пред да пристигне во Скопје, Калас ги посети Белград и Приштина.